Ги прашавме жените од различни возрасти што мислат за секс на една вечер. Поради инсистирањето да се заштити нивниот идентитет, одговорите ви ги пренесуваме со референца на нивните иницијали и возраст.

Возраста е исто така важна специфика, која ќе ни открие дали постои генерациски јаз во разбирање на сексуалните искуства.

Анкетно прашање: Што мислите за секс на една вечер?

Најинтересни одговори:

Немам искуство со секс на една вечер, бидејќи секогаш сакав да бидам во долги и стабилни врски. (К.А, 56)

Јас немам некој особен став околу ова тема. Мислам дека тоа е индивидуално, кој сака нека го практикува. (Д.Р, 38).

Јас и мојот сегашен сопруг се запознавме во диско. Мислевме дека станува збор за моментална привлечност и одлучивме една вечер да поминеме заедно. Но од таа една вечер се родија емоции, а ние продолживме да се гледаме. Денеска сме во брак и имаме детенце. (А.Б, 28)

Не сум за долги врски. Во моментот ми одговара да бидам слободна, така што доколку некој ме привлече физички, може да прифатам секс на една вечер, затоа што не ми е важно емотивно да се врзувам. (Д.К, 24).

Ако имам емоции кон некој маж, важно ми е како тој ќе ме доживее, па не прифаќам само секс со него. Ако не ми е важен и сакам само забава, секс за една вечер? Хмм, па зошто да не! (Е.Р, 40)