Само рамноправни партнери кои имаат заемна почит, емпатија и солидарност можат да соработуваат на долг рок и да дозволат животот и стварноста да го покажат правото лице на историјата и на нештата.

Бугарија засега отворено го искажува својот колонијалистички план, историски, културен, национален и територијален хегемонизам, своите недвосмислени аспирации, комплементарни на сѐ она што претходно се случи со Грција и воедно се случува со албанскиот фактор.

Нема потреба од фиктивна, условена и ултимативна интеграција со никого, па ни со ЕУ.

Ако ЕУ поддржува апсурдни и колонијалистички ултиматуми, тогаш зошто ни е? А и онака наредните 20 години нема да бидеме членки на ЕУ.

Очигледно е дека 30 години се подготвува стратегија за нешто друго, затоа што да беше поинаку, од старт ќе бевме од сите целосно и безусловно признаени како нација, држава со неприкосновено име и меѓународен правен субјект, како посебна национална култура која и да има допирни точки со другите словенски и јужнословенски јазици и култури, изградила свој национален културен идентитет.

Фјесбук објава на Катица Ќулавкова