За да биде бурлеската целосна, водич на турата е Војче Китановски… Неговиот „хумор“ останал некаде таму во оние „златни времиња“, затоа мислам дека и немало подобра варијанта за овластен водич.
Фотографии од овој настан, додека го пишувам овој текст, нема ниту на страната на Град Скопје на facebook ниту во медиумите. Стои само најавата.
И така…
Захариева си дозволи да заигра на дебелата титовистичка жица на голем дел од македонските граѓани, кои се уште не можат да го прифатат фактот дека Маршалот го нема и дека Македонија требаше одамна да раскрсти со митот за него, ако сака да изгради здрава независност.
Кој ѝ даде право на Захариева да им го чепка Тито на гордите наследници на Колишевски, Видое Смилевски-Бато и уште плеада други градители на македонскиот рај во кој Бугарите доаѓаа за да си купуваат фармерки?
Тие наследниците, можат да проголтаат многу работи, но не и заигрување со нивниот идол. Затоа денеска Захариева си ја доби заслужената порција омраза.
Тито еј…
Па друже Тито пушел пури во Белата куќа. Пушел пури таму каде што Моника Левински пушеше нешто друго, алооо!!!
Стварно срамота!
Македонската титовистичка жица може да се раздели со Гоце Делчев, но не и со Тито. Тој е свето нешто за сите „паметни глави“ кои деновиве се изредија со југословенска страст да ја мочаат Бугарија. Една од тие паметни глави, пазете тука се работи за академска глава во своја колумна само што не го пофали оној морон од Стара Загора што снимаше видео како се моча врз бугарското државно знаме.
А ние, што не паѓаме во трансови по браварот од Кумровец како треба да реагираме?
Ние треба да бидеме задоволни и горди на својата земја затоа што професорските глави се жештат и тресат зелени, зафатени од фрустрирачки очај? Ние треба да бидеме горди за тоа што тие се во паника што го нема нивниот друже Тито, за да им се с’сне на Бугарите, затоа што нивната дипломатија е далеку подобра од нашата или пак заради фактот што нивните историчари се далеку по курнази од нашите?
Не! Не треба да бидеме горди, туку треба засрамено да наведнеме глави, затоа што само кај нас комунист се уште не е навреда. Само кај нас постои разлика меѓу фашизам, комунизам и нацизам. Само кај нас споменикот на лидерот на нашето најголемо востание може да го снема и за тоа да се побунат само една рака луѓе кои останале неотруени од титовизмот.
Тој отров ги научи моите сограѓани да чекаат и да гледаат спас во еден човек. Да градат култови кон партискиот лидер. Да бидат полтрони. Мене тоа ме нервира, тоа не можам да го сварам. Затоа не ми е ни чудно што Гоце како Бугарин кога тогаш ќе го признаеме, ама Тито како комунистички диктатор никогаш.
Затоа, пак ја прашувам г-ѓата Захариева, како се дрзна да им го чепне Тито на Македонците? Тие, луѓето што први ја ставија на маса идејата за независна Македонија ги пратија во групата на бугарските слуги, а Вие вие без капка срам диктаторот им го чепнавте… Каде е тука логиката не знам, а пак каде е патот за Европа… ич!
Автор: Атанас Величков