Менструалната сиромаштија е тема за која сѐ уште ретко се зборува јавно, но нејзините последици се реални и секојдневни за многу девојки и жени. Таа не се однесува само на недостигот од менструални производи, туку и на ограничен пристап до соодветни хигиенски услови, информации и поддршка.
Како да ја препознаеме менструалната сиромаштија, кои се нејзините најчести форми и кои категории се најпогодени? Дали ова прашање е само здравствено, или и социјално и економско?
За овие теми разговараме со Александра Радевска од Новинари за човекови права, која укажува на системските предизвици, но и на потребата од поголема јавна свест и институционална реакција. Во интервјуто, таа говори за тоа како менструалната сиромаштија влијае врз образованието, достоинството и секојдневниот живот, како и за можните решенија што би овозможиле еднаков пристап до основни услови за сите.


















