Во најновото издание на емисијата „Мој збор“ гостинка е доц. д-р Сања Саздовска, државна советничка во Министерството за здравство. Разговорот е посветен на темите поврзани со женското здравје и на предизвиците со кои се соочуваат жените во системот на здравствена заштита.
Во емисијата се отвора прашањето за приоритетите на жената како пациент, значењето на навремената превенција и потребата од поголема информираност за редовни здравствени прегледи. Саздовска говори и за институционалните политики и мерки насочени кон унапредување на грижата за женското здравје.
Посебен акцент во разговорот се става на пристапот до здравствени услуги во руралните средини, каде што жените често се соочуваат со ограничени можности за навремена и соодветна здравствена заштита. Емисијата нуди увид во актуелните предизвици, но и во можните решенија за подобрување на условите и достапноста на здравствените услуги за жените.


















