Во новото издание на емисијата „Мој збор“ разговараме за предизвиците со кои се соочуваат многу луѓе денес – како да се одржат здрави семејните односи во време на зголемен стрес и прегорување на работното место.
Брзото темпо на живот, професионалните обврски и постојаниот притисок често се прелеваат и во приватниот живот, влијаејќи врз комуникацијата, разбирањето и блискоста во семејството.
Гостинка во емисијата е психологот Соња Угриновска од Гаспар центар за психофизичко здравје, со која разговараме за тоа како да се препознаат првите знаци на прегорување, на кој начин работниот стрес влијае врз партнерските и семејните односи и што можеме да направиме за да ја зачуваме емоционалната рамнотежа дома.
Во разговорот се осврнуваме и на практични совети за подобра комуникација, поставување граници и создавање поддржувачка семејна средина.

















