Катерина Крстевска е сопственичка на најголем број дипломи од формално образование во Македонија. Но, покрај академските достигнувања, нејзин постојан предизвик се патувањата и духовните искуства, по кои, како што вели, е во непрекината потрага.

Во новото издание на емисијата Мој збор, Крстевска говори за благородниот оган и неговото дејство врз верниците. Според нејзините зборови, огнот може да се почувствува како минува низ целото тело, а човек да остане неповреден – тврдење што таа го поткрепува со сопствено искуство.

Во разговорот, Крстевска споделува и една длабоко интимна приказна поврзана со сон во кој, како што вели, ѝ се појавил св. Василиј Острошки и ја повикал да го посети Манастир Острог. По нејзиното заминување на Острог, нејзиниот живот, во духовна смисла, целосно се променил. Почнала поинаку да гледа на светот и на сопствените животни избори, а од тој момент наваму, секоја година го слави св. Василиј Острошки како домашна слава.

За местата што ги посетила, духовните патешествија низ кои поминала и искуствата што оставиле траен белег врз нејзиниот живот, раскажува Катерина Крстевска. Целиот разговор погледнете го во продолжение.