Поранешниот професор по филозофија и реномиран македонски интелектуалец – Љубомир Цуцуловски на својот фесјбук профил често објавува анегдоти, ставови или анализи на актуелни појави и настани.
Во една од неговите последни објави Цуцуловски дава видување за тоа кој човек е најздрав човек.
Во прилог интегрална верзија од неговата фејсбук објава:
НАЈЗДРАВ ЧОВЕК… Најздрав човек е мртов човек – ниту може да се зарази, ниту може некого да зарази. Уште ако носи корпа/маска околку устата, тогаш е сосема безопасен – ниту може да зборува, ниту може да каса, дури и да сака. Можеби бил во право стариот Хегезиј (III век п.н.е.), чија филозофија била мачна и мрачна, па кралот Птоломеј I (познат и како Сотер, т.е. Спасител) морал да ги забрани неговите предавања, бидејќи под нивно влијание голем број на неговите слушатели извршувале самоубиство. Сметајќи дека во животот не може да се постигне среќата, лесно можело да се дојде до заклучокот дека животот е болест на смрт. Затоа, некои го сметале за проповедник на смртта. Сепак, и покрај сѐ, треба да му се верува на Бенињи и на неговиот филм „Животот е убав.“