На планината Радан, недалеку од Куршумлија, се наоѓа едно од најфасцинантните природни чуда на Балканот – Ѓаволја варош.
Место кое со векови ја буди имагинацијата на луѓето и околу кое се испреплетуваат митови, легенди и народни верувања. Мештаните велат дека токму тука „ѓаволот спие“, а во народниот говор оваа област често се нарекува и „дупката на ѓаволот“.
Патот до Ѓаволја варош води низ густи шумски предели и планински патеки, каде секој чекор носи чувство на восхит, но и на тивка вознемиреност. Фигурите од земја и камен, создадени по природен пат како резултат на ерозија и дамнешна вулканска активност, се издигаат како неми стражари.
Додека се движите меѓу нив, лесно е да се почувствува како да не сте сами – како некој постојано да ве набљудува од сенките на шумата.
Ова е вистинска дивина: простор каде се среќаваат пештери, диви животни, кристално чисти потоци и изобилство од шумски плодови. Иако патеките се обележани, посетителите најчесто доаѓаат во организирани тури или поголеми групи, токму поради суровоста и недопреноста на природата.
Чиста и возвишена, но истовремено и помалку застрашувачка, Ѓаволја варош е место кое не се посетува само со очи, туку и со чувство. Ова е видео-репортажа за просторот каде што легендата и природата се спојуваат – за местото каде што, според преданијата, ѓаволот спие.



















