Во новата емисија на Мој збор гостуваше Јасминка Намичева, поранешен кустос во Музеј на Град Скопје и организаторка на изложбата „Порцеланови луѓе“.

Таа зборуваше за производството во фабриката „Борис Кидрич“ во Велес, позната како Порцеланка Велес, и ги опиша реакциите на поранешните вработени кога ги виделе споредбите меѓу некогашниот сјај на фабриката и состојбата денеска.

Намичева истакна дека приказната на Порцеланка Велес не е уникатна – слична судбина имаат и други индустриски објекти од поранешна Југославија, како „Жито мел“ и „Тутунскиот комбинат“ во Куманово, „Стаклара“ во Скопје, како и многу други. Тие сведочат за занемареното наследство кое некогаш било гордост на индустријата, а денеска многу од нив се запоставени или пред распаѓање.

Целата емисија е посветена на темата за негрижа кон индустриското наследство од Југославија и може да се проследи во продолжение за сите кои сакаат да дознаат повеќе за овие заборавени симболи на минатото.