Јагленот е одамна доминантен извор за прозводство на електрична енергија во енергетскиот систем на Македонија. Заедно со гасот учествуваат со повеќе од 50 % во производството на електрична енергија и во ЕУ и се поверојатно е дека ќе останат битен дел и во наредните декади. Јагленот се користи во индустријата пред се а покрај останатата примена која ја има во нашата држава и според стратешките документи се планира и понатаму да биде главниот извор за енергетската стабилност.

Според податоците на интернационалната коалиција за лигнит јаглен со седиште во Полска спроведен од организацијата Еко унија потенцијалните резерви во пелагонискиот басен изнесуваат околу 2,5 милјарди тони јаглен со релативно слаба калорична вредност и со висок процент на пепел и влажен талог кој го прави тешко употреблив и со голема штетност врз животната средина. Експертите од областа се огласија во повеќе наврати за алтернативните начини за производство на електрична енергија како алтернатива на фосилните горива.

Последна таква и изненадувачки успешна акција се случи деновиве кога грчкиот инвеститор се откажа од веќе планираниот проект Чебрен со кој според планираното ќе останевме и без водни ресурси покрај повеќе децениската експлоатација на планираната хидро електрана. Несреќната приватизација на ЕВН односно дистрибуцијата нѐ опоменува за можните последици, кои посебно ги осеќаме периодот со дупло поголеми сметки за преносот во однос на потрошената електрична енергија.

Паметно е да се извлече поука и во блиска иднина да се стави мораториум врз сите водени ресурси и пред се да се одбери најдобриот можен план за ставање во употреба на водните капацитети и тоа во сопственост и експлоатација на државните компании. Сепак знаеме дека само околу 20% од електричната енергија се добива од хидроелектрани и тоа со неповолни климатски фактори во последните години овај предизвик ќе стани се поголем.

Според експертите од областа кои се огласија со повеќе соопштенија кое и да се одбере решение доминантото учество мора да биде на државните комбинти како и изведувачи на фирми и пред се вработени од нашата држава. Судејќи според досега слабо искористениот капацитет на фотоволтаиците и ветерниците односно ресурсите кои ги имаме во изобилие како сонцето а потоа и ветерот и те како ќе мора да се насочиме кон водените ресурси како најнеопходно итно решение за алармантната ситуација во која се наоѓаме.

report_international.pdf 

Процесот на иселување за изградба на РЕК Битола

Една од најретко споменуваните „тајни” во претходните 40 години
рудникот при РЕК Битола е насловен како Суводол според најголемото населено место кое е иселено за изградба на комбинатот. Процесот на иселување започнал во 70те години на претходниот век а малку позната вистина е дека иселени се и селата Биљаник и Врањевци кои се наоѓале на местото каде и денес се експлоатира јагленот во површинскиот коп. Околу 1000 луѓе се иселени од нивните живеалишта и преселени претежно во предградијата на Битола. Како делумна компензација некои од нив добиле вработување во РЕК Битола. Сепак не сите жители добиле адекватна компензација за ова болно прашање.

Вкупната територија на 3те иселени села изнесува околу 10 км квадратни додека околното обработливо земјиште во околината е сигурно повеќе од дупло. Сите три села се комплетно уништени кои се ситуирани во сегашната општина Новаци близу Битола. Сумирано преку бројки од Суводол се иселени 430 лица, Биљаник како второ село по големина е со околу 300 иселени додека Врањевци со 140 жители. Интересно е да споменеме дека зачувана беше и црквата во ова село како споменик за некои минати времиња.

Споредено со наредниот коп Брод Гнеотино од поновата историја на рудници за јаглен, немало потреба од иселување на население но тоа неможе да се каже за експроприацијата на земјиштето кое небило направено за сите подеднакво.
Сепак најгорчлив проблем е труењето на земјата со олово и арсен на делови од пелагониската почва. Според истражувањата на професорот д-р Трајче Стафилов од 2016 година се добиени следните податоци.

Од испитувањата на примероците од почви може да се заклучи дека за поголем број на тешки метали нивната содржина е релативно ниска, освен во примероците земени од околината на РЕК Битола кои имаат зголемени содржини на олово и арсен. Ова најверојатно се должи на делумна контаминација на почвите со овие метали преку преносот на прашина од отворената депонија на пепел. Според добиените резултати од извршените анализи на примероците од мов може да се заклучи дека примероците земени во околината на РЕК Битола имаат зголемени содржини со арсен што укажува на извесно загадување на воздухот со прашина од депонијата на пепел.

Во примероци земени во градот Битола и неговата непосредна околина има зголемени содржини и на бакар, жива, олово и цинк што укажува на загадување на воздухот од индустриската активност и сообраќајот во урбаното подрачје. Резултатите од определувањето на специфичната радиоактивност на пепелта од РЕК Битола укажуваат на двојно поголема вредност на индексот на активност од критичната вредност. Овие прелиминарни испитувања укажуваат на тоа дека пепелта депонирана на отвореното јаловиште на РЕК Битола е извор на прашина која содржи одредени тешки метали и има зголемена радиоактивност и претставува потенцијална одредена опасност за околното население.

Eko-svest-izveshtaj-Stafilov.pdf (ekosvest.com.mk)

Кога го спомнуваме земјиштето мора да потсетиме за делумното оштетување на археолошкиот локалитет Влахо крај Живојно со невнимателен ископ на јаглен за што медиумите веќе информираја.

Планирани копови и каква иднина да очекуваме ?

Според достапните податоци во блиска иднина се планирани неколку нови рудници на јаглен иако како држава сме обврзани до 2030 година целосно да се преориентираме на гасификација на централите и активирање на нови обновливи извори на енергија.

Живојно – лоциран на десната страна од Црна река, 35 км од Битола и 20 км од постоечкиот Брод Гнеотино. Според плановите треба де се експлоатира со комбинирано површинско и подземно ископување кое е приоритет како метод. Според сите анализи а и реалната ситуација од сите наведени рудници оваа е најизвесена опција и според анализите на еколошката организација Еко Свест диретно би биле погодени околу 200 лица од тоа населено место.

Потоа следуваат неколку помали локации како, Мариово се наоѓа помеѓу селата Манастир, Витолиште и Бешиште. Планот е со подземна експлоатација според карактеристиката на теренот а и со нов метод кој досега не бил користен во Македонија а се користел во Велење, Словенија. Неготино како коп се протега југоисточно од реката Вардр на само 2,3 км. од постоечката термоцентрала Неготино. Покрај највеното ставање во употреба сепак најможна опција за рестартирање на термоцентралата е гасификацијата иако тоа би чинело многу повеќе споредено со некоја нова инвестиција од таканаречените нови зелени извори на енергија.

Поповјани се наоѓа во истоименото село општина Осломеј на 3 Км северно од РЕК Осломеј и не е доволно искористено како коп, со капацитет поголем од претходно наведените. Лавци се наоѓа во селото кое е на 10 км. од Ресен и засега нема доволно информации да определи за потенцијалните резерви како и технологијата за експлоатација.

Завгор – Стамер и Панчарево како потенцијален коп е лоциран во источна Македонија блиску до границата со Бугарија. Истражувањата досега не можат да дадат детална анализа и бројки исто како и претходниот пример како и можностите и методите на експлоатација на јагленот во блиска иднина од оваа локација.

Можностите-за-енергетски-решенија-со-најниско-негативно-влијание-2022.pdf 

Белата Чума

Битола одамна е град со најмал природен прираст и процентуално како и разликата на население е на прво место од големите градови во државата според бројот на родени и починати лица. Иселувањето е исто така традиција од поодамна но во последните неколку години се чини ја достигна својата куминација. Според пописот од 2021 година од некогашните скоро стоилјади жители во почетокот на 90тите години, во општината Битола се со престој на живеење 69.000 жители. Во која мера загадувањето и се што носи со себе влијаело бројот на жители да се намали за околу 30.000 може само да претпоставиме додека некој од одговорните сериозно не се зафати со решавањето на овај проблем кој со децении ги мачи битолчани.
За подетална анализа на целокупната ситуација сепак е неопходна што поскорешна дебата на експертите и тоа од сите области и да се надеваме на тоа во блиска иднина и одбирање на најкорисното решение во врска со јагленовите рудници и сите проблеми кои ги носи нивната експлоатација.

Автор: Александар Мишевски

Оваа сторија е продуцирана со поддршка на регионалниот проект „SMART Balkans – Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМФА). Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМНР).