Албанија нема да почне преговори со ЕУ, ако Македонија не го прифати францускиот предлог. Албанија е ставена во позиција да може директно да се меша во случувањата кај нас. Секако нема да дојде Рама и да ни кажува што треба да правиме, пошто нели тоа е мешање у внатрешни работи на друга земја, а цивилизирани луѓе тоа не го прават побогу, може ќе ни каже вистина у она што ние го разбираме како шала, па нашиве пуленчиња скоро да ќе цркнат од смеење, арно ама Албанија може во Македонија директно да се меша преку албанското население. Бујар Османи ни го кажа јасно и гласно, ако не прифатите, онаа што имате избор само да го прифатите, ќе имаме проблем на меѓуетничко ниво.
Појасно здравје, како поинаку да ни се закани?
И тогаш на ЕУ нема да и е гајле што ние ќе се тепаме со наши сограѓани со кои сркаме од иста каша, поради вреќа од погрешни идеали која ја чекаме да пристигне, како што се чека Годо, како што ЕУ и сега воопшто не е загрижена што пред врата и умираат луѓе во примитивна и сурова војна што се води во срцето на Европа и тоа ВО 21 ВЕК!
Агресори се агресори, очекуваме од фашисти и империјалисти да имаат човечка емпатија и развиено вишо чувство за правда? Стварно, сериозно?
Нашите политичари кои си се повикуваат на одговорност да донесат решение, повеќе кажано во смисла на моќ, одошто одговорност со ни малку скромност, а многу курч, одговорност и ќе ги снајде. Ама за сите погрешни одлуки кои ги донесоа во изминативе неколку години. Да не мислат дека им е заборавена промената на уставното име и куп понижувања кои ни ги прередија за нешто што никогаш нема да го видиме, ниту доживееме – посветла иднина, уште помалку посветла иднина со ЕУ. Ќе си понесат тие одговорност за се што треба, оти власта е од народот, не ни се политичарите богом дани иако додуша така си се однесуваат.
Нема веќе, ништо да даваме доброволно. Нека дојдат нека си земат со сила. Така и најдобро знаат и така и најдобро им оди. Не можат со демократски вредности кои им служат за интерно подбивање на пијани прослави. Нека им се види агресорскиот сурат.
Нејќам бе посветла иднина со леб и игри. Јас сум човечко суштество, имам потреба од достоинство, правда и најмногу од се СЛОБОДА.
Затоа вечерашниот протест не го гледајте како политички, иако некому ќе му одговара тоа да стане. Должноста не вика да си ја одбраниме својата чест и да застанеме заедно за правдата.
А оние што очекуваат друг наместо нив да им ја скрои капата, нека си се срамат од газот оти образ немаат. За нив секако е се едно. За нас не е! Се гледаме вечер на ПРОТЕСТ.