Многу луѓе посегнуваат по ибупрофен секогаш кога нешто ги боли. Овој лек има многу благотворно дејство, но неодамнешните истражувања покажаа дека треба да бидете внимателни доколку веќе земате друга терапија.
Посебно внимание треба да се посвети на оние пациенти кои земаат диуретици или бубрежни лекови. Вообичаено, овие лекови се даваат на пациенти со висок крвен притисок, а во аптеките ги има под различни имиња на фармацевтски брендови.
Истражувачите откриле дека во некои случаи, комбинациите на ибупрофен со такви лекови може да доведат до трајно оштетување на бубрезите.
Тоа нема да им се случи на сите што ја земаат оваа комбинација на лекови. Сепак, имаме доволно податоци кои укажуваат дека треба да бидеме многу внимателни – вели професорката Анита Лејтон од Канада, пренесува „CTV News“.
Ова предупредување е особено важно за сите оние кои имаат висок крвен притисок и земаат лекови, а им треба нешто за болка. Тие не треба сами да користат ибупрофен, туку да го прашаат својот лекар за други аналгетици кои нема да бидат ризични за нив.