Слушаме српска музика, задолжително причамо српски ако има барем еден Србин во наше друштво, српска заедница во Македонија е една од појаките заедници, пред се во политичка смисла.
Србите не ја признаваат МПЦ и имаат исклучително лицемерен однос кон Македонците, гледајќи ги како малечки братчиња во споредба со нив како титани.
Каде во Србија сте слушнале барем една песна во кафана, на радио или не дај боже на телевизија а да е испеана на македонски јазик? Немаат поима што се случува со македонски песни и филмови. Ако им зборите македонски не ве разбираат, ако сте и малку дрски ќе почнете да им зборите на англиски во отпор да им зборите на српски иако они по дифолт мислат дека треба да ги раберете.
Знаете кој беше најгледан филм во Македонија изминатите неколку месеци, нели? Тома си го гледавме сите, комотно без превод. Ја додуша не, немам ни намера да го гледам, уште помалку да плаќам карта за во кино да го гледам Тома.
За односот кон Бугарите не сакам ни да зборам. Тие што најмногу имате проблем со Бугарите и ги пцуете на секоја портал објава на фејсбук, пола од вас се со бугарски пасоши, одите во Бугарија на одмор или во Банско на зимување, можда и потслушнувате по некоја бугарска песна. Азис ваму таму…
Шопинг во Солун каде не смеете да кажете дека сте од Македонија оти ќе ви ги избушат гумите на колата.
Дечки не е бе во другите проблемот, во нас си е, треба да прифатиме дека сме ПИЧКА од народ и тоа онаа што секој може да ја ебе, без никакво национално достоинство. Па вие во Македонија сте спремни да се декларирате како Срби или Албанци за да дојдете до државна работа, што останува за друго, или да вадите бугарски пасоши и да одите да работите надвор и од таму да ја оправате државата преку фејсбук коментари.
За многумина ми е срам што делам иста национална одредба со нив!