Пред неколку дена „славевме“ годишница од усвојувањето на новото уставно име во Собранието на тогашна Република Македонија.
Со 81 глас „За“, ниту еден против и воздржан, се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за промена на амандманот 33 од Уставот, со кој името Република Македонија се смени во Република Северна Македонија.
Сето ова се случи пред 3 години, со пропаднат референдум, пропаднати надежи, нови проблеми што ги отвори евроинтегративниот пат и НАТО стандарди од кои граѓаните не видоа никаков бенефит.
Додека граѓаните сведочеа на вековната неправда што им ја приредија 81 пратеник од Собранието што гласаше „За“ промена на уставното име, делегатите од ЕУ признаваа победа на интересите на тогашната политичка елита.
Во тој момент, демократските принципи и волјата на народот беа срушени, без да остане ниту една Архимедова точка на која може да се направат нови демократски вредности.
Ново име, Северна Македонија слави 3 роденден, но старите проблеми се уште тука, вака ја започнува својата изјава за порталот „Мој збор“ Диме К. (34) од Прилеп.
Тој веќе неколку години, со бугарски пасош престојува надвор од Македонија и работи како возач на камиони. Посочува дека е разочаран од корупцијата во системот и дека не видел друг излез, освен било каква сламка за спас па барем и бугарски пасош.
Не гледав повеќе иднина овде, ако на никој не му беше гајле што ќе биде со Македонија и сите трчаат да зграбат некоја јавна фотеља, си реков доста е. Извадив бугарски пасош и заминав надвор. Понекогаш се каам за таа постапка, посебно зошто гледате како Бугарите сега ни прават. Ама си велам ако можат моите да ми прават неправди, помалку болат тие од туѓ народ. Така си се тешам, продолжува Диме.
Младите луѓе, пак сведочат на целосна културна и образовна изолација, поради што ги користат своите студии да заминат надвор од Македонија и таму да останат.
Ги започнав моите студии во Словенија, затоа што не бев задоволна од образованието тука. Не се организираше практична настава, немавме библиотека на факултетот, литературата е застарена или лоши се преводите. Моите врсници слушаат кич музика, се препуштаат на пороци, немам веќе друштво тука, не се пронаоѓам во оваа средина, вели Сара А (23) од Скопје.
Според сведоштвото, Сара најмногу ја оттргнало тоа што во Македонија има недостаток од вредности или се искривени.
Медиумите известуваат за црни хроники, или вести кои немаат никаква едукативна вредност, филмската продукција е сиромашна, музичката исто така, во театрите избиваат скандали околу партиските вработувања на директорите кои одредуваат репертоари, издавачката дејност е многу посиромашна во однос на другите соседни држави, книжарниците се претворени во кафулиња, а еден куп млади и креативни луѓе немаат простор да се изразат.
Сара вели, дека името Северна не и значи ништо, бидејќи таа не очекува дека луѓе кои немаат никакво достоинство во молење за работа или одработување на партиски агенди, да имаат национално достоинство.
А такви се мнозинството и тие ги диктираат правилата на игра, вели Сара.
За повозрасните членови Северна Македонија е комплицирано да се изговори.
Снежана С. (67) од Охрид вели дека скоро никогаш не го користи името Северна кога реферира на државата во која живее. Според неа, тешко е да се изговори и долго е името.
Јас не кажувам Северна, цел живот викаме Македонија, па сега по стари години е тешко да се навикнам на новото име.
Снежана потполно ја игнорира употребата на името Северна и покрај тоа што на таблите и во документите ова име официјално се употребува.
За мене е Македонија, нека ја викаат како сакаат. Јас ќе ја викам онака како што ја знам. Уште 10 пати да менуваат име, јас пак ќе си ја викам Македонија, пошто така си ја знам.
- Името го сменивме, ама не сменивме ништо друго за да биде подобро
Да можеше со менување на името магично да се сменат многу работи – да се отстранеше корупцијата, партиските вработувања, да се подобреа инфраструктурата, здравството, работнички права, да се намалеше степенот на сиромаштија и бездомништво, да се сменеа работите во судството, некако и ќе подзаборавевме на маката што ни ја создава името.
Односно не името, туку неправедниот начин на кој тоа беше сменето. На тие луѓе што гласаа за промена на уставното име ништо нема да им значи мастилото со кои се пишуваат нивните имиња на странциците од историјата.
Едно е извесно, во колективната меморија тие никогаш нема да бидат херои и покрај митовите за суперхероите што се печат во некоја европска печка.
За народот во Македонија 81 име кое ја крена раката „За“ тој ден, се имиња на луѓе кои во историјата ќе бидат паметени како погребувачите на демократскиот полнеж. Под анусите на тие луѓе, во кои уште живееат голем број генерации се загуши македонската демократија.
Северна Македонија е име кое нема да заживее, барем да бевме некој север, барем да бевме некој запад, ние сме Северна на јужната точка, од која јужније има, ама тужније нема!
Приказната ја реализираше: Магдалена Стојмановиќ