Највообичаено е претерување во хигиената, односно очекувањето дека нашето меѓуножје може и треба да мириса на свежина како во ливада.
- Најдобро е само вода
Најголемиот мит е дека вагината треба да се измие со разни шампони бидејќи придонесува за хигиена и подобар мирис.
Експертите тврдат дека ова е сосема погрешно, поради малку покиселата pH вредност на мукозните мембрани.
Тоа што ја нарушува природната киселост може да биде причина за воспаление, габи и слично. Обичната вода е најдобра за миење.
- Дневни влошки и тампони се причина за инфекции
Козметичките залихи за жените денес доаѓаат во сите форми и големини, а производителите се задоволни да ги тријат рацете со заработка на производи што се наметнуваат како „неопходни“.
Повеќето такви работи се непотребни. Постојаното носење дневни тенки влошки, како и редовната употреба на тампони за време на менструацијата не е добро.
Влијае на репродукција на бактерии и формирање воспаление, пишува „Elite Daily“.
- Тесни фармерки се погодни за габи
Друга работа што не дозволува вагината да „дише“ се тесните фармерки со истегнување.
Инаку, подобро е да се избере облека што има поширок крој. Друга работа што не е добра за здравјето на жените се неприродните материјали, како еластин или синтетика во гаќи, кои ги заробуваат природните секрети на вагината.
Најдобар избор е секогаш памук.