Доктор од САД ги повикува луѓето да престанат да земаат лек Ивермектин за борба против Ковид-19.
На пациентите им е потребен итен третман во итните служби во болниците во Оклахома, по предозирање со лекот, вели д-р Џејсон Меклиеа.
Мали дози на Ивермектин се одобрени за употреба кај луѓе, но не и за Ковид.
–Мора да имате рецепт за овој лек со причина – затоа што може да биде опасно, рече д-р Мекелија за Би-Би-Си.
Тој рече дека „грст“ луѓе кои предозирале со лекот дополнително го оптоваруваат персоналот во болницата, веќе зголемен од напливот на случаи на Ковид.