Make-up во летните периоди треба да е хидратантен и да ја надокнадува водата во кожата.
Инаку во летните периоди поради потењето, кожата губи многу вода и се обвива со токсини што се исфрлаат преку пот.
Затоа од исклучително значење е да не ја оптоварувате кожата дополнително со јак make-up кој само ќе ви ги затвори порите и ќе ја онеспособи кожата за дишење.
Ви предлагаме соодветен make-up за летните периоди:
- Минималистички
Шминкајте се минимално и ретко. Шминката во лето може да се растече од пот и да изгледате сосема непосакувано.
Секогаш внимавајте да имате минимално make-up да не се доведете во непожелна ситуација.
- Органска козметика
Користете органска козметика, кокосово масло или краставица или лимон за чистење и хидрирање на кожата.
По освежување на кожата внесете мал слој на шминка и ќе го задржите свежиот изглед.
- Заштита од Сонце
Штитете го лицето од Сонце бидејќи УВ може сериозно да го оштети лицето.
Секогаш нанесувајте крема со заштитен фактор пред да излезете надвор, наместо јака шминка.