Од денеска, во Албанија ќе биде продолжено времето за пуштање музика, а полицискиот час и понатаму ќе биде на сила од 00:00 до 06:00 часот.

Баровите и кафулињата имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, кое претходно беше до 22 часот.

Од 15 јуни, дозволено е собирање до 50 лица на отворено, додека носењето маска во затворен простор сè уште е задолжително.

Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3% во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.

Според туристичките агенции, годинава најмногу резервации од македонските туристи има за Албанија, токму поради привлечноста на понудите во економска смисла и поради олеснителните околности за поминување на границите.

ПРЕКУВработување
ИЗВОРБизнис инфо
претходниот член,Каков make-up се користи во летните периоди?!
Следната статијаДали блогерството е професија или е само хоби?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде