Културата ги презентира мажите како ловци и им дава активна улога во флертувањето и додворувањето. Таа културна парадигма која води потекло од тврдењата дека биолошки, машката природа е активна, а женската природа е пасивна.
Затоа, машкиот флерт е поприфатлив одошто женскиот, дури присутни се и синтагмите дека „Мажот треба прв да се јави“, „Да го организира првиот состанок“ или општо земено да го „Направи првиот чекор“.
Неретко ги слушаме овие изјави нели?
Но машкиот флерт не е секогаш успешен, понекогаш е дегутантен или пренападен, понекогаш делува рамнодушно и ладнокрвно, поради што ја одвраќа жената да возврати на „љубовната игра“.
Ви ги откриваме златните правила на машкиот флерт, кој го прави мажот неодолив за жените:
Умереност
Уметноста на флертот се согледува во умереноста. Тој не е ниту премногу офанзивен и агресивен, ниту премногу благ, неодлучен и дефанзивен.
Умерено ги пробива просторите меѓу вас и ви се приближува на прифатлив начин, понекогаш жената дури и не е свесна колку многу тој станал дел од нејзиниот живот.
Стабилност
Тој знае што сака и нема да покаже неодлучност во ниту еден момент. Стои зад секој збор, го почитува договорот и е истраен во реализирање на своите желби.
Една од карактеристиките кај мажите која најмногу им значи на жените е токму стабилноста, секоја жена има потреба да се чувствува сигурно и заштитено покрај мажот.
Упорност
Жените понекогаш се полни го гардови и не сакаат да пружат шанса некому поради историјата со негативни емотивни искуства, но „кралот на флеротот“ нема да се откаже од неа така лесно.
Со упорноста мажите докажуваат дека навистина им значи да ја имаат токму таа жена покрај себе и на ја демонстрираат искреноста на нивната намера.