Првата фаза на секоја љубовна приказна е вљубеноста. Кога двајца луѓе се вљубени еден во друг тие ги забележуваат само најубавите работи еден кај друг.

Но вљубеноста е само фаза, период кон нешто друго. Кога таа фаза ќе заврши, преминува или во љубов или во омраза.

Кога поминува во омраза почнувате да ги забележувате само негативните страни и мааните на личноста во која претходно сте биле вљубени.

А кога преминува во љубов, тогаш добро ги познавате и добрите и лошите страни на партнерот, но лошите не ви пречат во претерана мера, а добрите се значително повеќе на број.

Доказ дека една врска била стабила и вредна е пријателството. Луѓе кои биле заедни долго време пред се биле најдобри пријатели.

Тие го поминувале најголем дел од времето еден со друг, си ги знаат сите свои проблеми, маки, тајни, се знаат себе во сите можни светла.

Затоа кога ќе исчезне вљубедноста најголем показател дека имало и љубов е пријателството. Ако останете добри пријатели, тоа значи дека сте се вљубиле во душите на оние во кои сте биле вљубени, само што со текот на времето исчезнала физичката привлечност.

Ако станете непријатели, тогаш и никогаш не сте биле пријатели, тука не постоеле ниту искрени намери, ниту добра волја.