Дали женскиот оргазам е мит? Како се случува? Постои ли женска ејакулација?
Како е можно некои жени да доживуваат оргазам, а други не? Како се чувствува оргазмот?
Дали секогаш жените доживуваат оргазам? Што е потребно да се доживее оргазам?
Во медиумите малку се говори за тоа како жените го доживуваат оргазмот и секс теми од позиција на жени.
Дури и кога ќе се потегне таква тема и најлибералните ќе ги опишат жените кои зборуваат за својата сексуалност како „храбри“ со доза на непријатност и шокираност од количината на храборст.
Одлучивме да спроведеме анкета со жени на различна возраст и да ги прашаме за нивните искуства со оргазмот.
– Морав многу да истражувам за да разберам дека постои и нешто како женски оргазам. Кога прв пат го доживеав мислев дека ја испуштив целата негативна енергија која во мене се собирала со години, вели К.Т (24).
– Многу долго имав секс без да почувствувам оргазам, дури по 20 години активно сексуално искуство доживеав оргазам додека бев во врска со друга жена. Таа орално ме задоволуваше и прво не го сфаќав значењето на оралниот секс. Кога прв пат доживеав оргазам, сфатив дека никогаш и не сум имала секс претходно, вели за анкетата А.С (47).
На прашањето како се чувствува женскиот оргазам, ги добивме следните одговори:
–Како да те скокотка цело тело и имаш потреба силно да врескаш, по оргазмот телото се чувствува релаксирано исто како по масажа, одговара К.П (32).
– Клиторисот пулсира неколку секунди и има голема топлина во тој реон од телото, тие неколку секунди се чувствувате како да сте во друга димензија, според изјавата на В.К (44).
Колку често жените доживуваат оргазам?
–Не секој секс завршува со оргазам, зависи од партнерот, а скоро секое мастурбирање и самозадоволување ми завшрува со оргазам, вели М.Т (31).
–Многу ретко можам да доживеам оргазам бидејќи ми е тешко да се опуштам со партнерот, имаме многу проблеми, а и децата се постојано дома. Сексот ни стана чиста рутина во која најважно е тој да ејакулира, потенцира Г.К (29)