Иако целата течност што ја пиете не мора да биде вода, не треба да претерувате со слатки пијалоци.
Ако не сте сигурни дека пиете доволно течности, запрашајте се дали често чувствувате жед и дали одговорот е да, веројатно пиете премалку.
Можете исто така да ја проверите урината, ако е светлa и чиста, веројатно сте се погрижиле да внесувате доволно течност.
Проблемот со недоволна хидратација е почест отколку проблемот со прекумерно внесување вода, но сепак може да се случи и да биде опасен.
Бубрезите можат да лачат одредена количина на вода, и ако пиете премногу, тоа може да доведе до опасна по живот состојба наречена хипонатремија.
Тоа е првенствено состојба на нерамнотежа на водата во организмот. Тоа е апсолутен или релативен вишок на вода во споредба со вкупниот натриум во организмот
Овие се сигнали кои откриваат дека пиете премногу вода
Иако е ретко да се претерува со пиење вода, тоа може да им се случи на спортисти кои ќе се обидат најдобро да пијат доволно течности за да можат да дадат подобри резултати.
Луѓето со заболување на бубрезите, црниот дроб или срцето имаат поголема веројатност да доживеат прекумерна хидратација.
Па, од каде знаете дека сте пиеле премногу вода? Еден од сигналите за пиење повеќе од препорачаната дневна доза на вода е гадење, а може да се појават и повраќање, конфузија и дезориентираност.
Посериозни сигнали вклучуваат грчеви во мускулите или чувство на мускулна слабост. Може да има напад и губење на свеста, и важно е да се консултирате со лекар во овој случај.