Состојбата на работното биро ја одразува состојбата на вашиот ум.
Доколку работното биро ви е средено, организирано и чисто, тоа покажува дека сте вреден, организиран и темелен работник.
Доколку ве опкружува хаос, тоа значи дека бирото е само сетилно достапна слика која ја манифестира сликата во вашата свест.
Работното биро е ваш простор и само вие сте одговорни за тоа како ќе изгледа и што ќе стои на него.
Ви предлагаме неколку правила кои треба да ги имате на ум кога ќе го уредувате вашето работно биро:
- Минимализам
Што помалку работи на толку мал простор, толку подобро.
Најдобро е да ги искористите фиоките од бирото, класер папките и да ги одложувате со посебна селекција документите и другите ресурси со кои работите.
- Роковник
Секој доброорганизиран работник добро знае дека роковникот е неоходен за да може да заврши успешно поголем број на задачи.
Роковникот нека ви стои секогаш во средишниот дел на бирото, а може да го обесите и на ѕид и постепено да ги чкрткате запишаните задачи како ги исполнувате.
- Мотивација
На многу бироа сте виделе фотографија во рамка на семејството, на саканата личност, од миленичето или сл.
Фотографии од вашите сакани луѓе, животни или предмети го релаксираат вашиот мозок секогаш кога ќе ги погледнете и ве ослободуваат од стрес.
- Светлина
Осигурајте се дека над вашето биро има доволно светлина.
Доколку работите преку ден, потрудете се да го изложите бирото на поголем проток на сончева светлина.
Но доколку работите ноќе, добро е да си обезбедите лед ламба со ефект на дневна светлина (4000 К).
Поголем проток на светлина го држи вашиот мозок буден и активиран и му испраќа сигнали дека уште не е време за одмор.
- Украси
Освен тоа што треба да биде чисто, уредно и организирано, бирото треба да ви биде и убаво.
Доколку немате можност сами да си го изберете бирото, тогаш на постоечкото направете мало разубавување.
Наместете ги околу вас вашите омилени предмети, необични вазни, свеќници со ароматични свеќи, откачена шоља за кафе и сл.
Се што ќе ви го развеселува работниот простор.