Недела е неработен ден, скоро за сите. Па слободното време, многу од домаќинките го користат да зготват нешто вкусно.

Семејството ужива во недел ручек и во дегустација на гастрономските специјалитети на вредните домаќинки.

За сите кои имаа желба нешто вкусно да зготват денеска, а немаат идеја, ви предлагаме превкусна салата со макарони и сусам која ќе ја обожаваат сите.

Потребни состојки:

  • 1 пакетче ситни макарони
  • 500 грама кисела павлака
  • 1 пакетче сусам
  • 300 грама пилешки гради
  • 1 мало пакетче мајонез

Начин на подготовка:

Сварете ги макароните без зачини и масло и оставете ги неколку минути да се изладат.

Исецкајте ја шунката на ситни коцкички и додадете во поголем сад за мешање.

Сусамот запржете го во малку маслиново масло и оставете го да се излади.

Изладените макарони и сусамот додадете ги во садот со исцеканата шунка.

На крај додадете ги павлаката и мајонезот и зачинете со сол и бибер по вкус.

Послужување:

Салатата може да биде предјадење неколку дена по подготовката ако правилно се чува во фрижидер со фолија.

Може да ја користите како фил за сендвич со бриош лепче или да ја послужите заедно со ладен ордевер.