Хрватската писателка и феминистка Ведрана Рудан е автор на предговорот на книгата „Дневник на една бесна домаќинка“ од Кју Кофман.
Во интервју за порталот на „Лагуна“ Ведрана Рудан истакна дека оваа книга коjа е напишана пред 50 години одлично ја опиштува моменталната состојба на жената на Балканот.
Според неа, книгата испраќа јасна порака до сите жени дека тие не треба да го сведат животот на главната хероина во приказната.
Главниот лик во книгата е тажен лик, жртва на организација на животот од страна мажите во нејзиниот живот.
Прво на таткото, кој ја убедил дека целта на животот е да се омажи и да роди деца, при тоа да биде послушна и посветена жена и мајка.
Вториот маж во нејзиниот живот е нејзиниот сопруг, кој се прашува буквално за се во нејзиниот живот, од тоа што ќе облече, до тоа како ќе биде организирано нејзиното време.
Во трка на исполнување на потребите на децата и својот сопруг, жените стануваат робови и го губат целосно својот личен идентитет.
Според Рудан, една жена не може да има целосна слобода доколку не е економски независна од мажот.
Во интервјуто, таа исто така спомнува дека најболниот начин да се покаже отпор кон нерамноправноста е да не се раѓаат деца и жените да не склопуваат брачни заедници кои се уште се уредени по патрихархалните параметри.
Таа заклучува дека во Јапонија тоа е тренд и Јапонките покажуваат отпор кон раѓањето, поради што стапката на наталитет е 0.
Иако според Ведрана Рудан тоа е најболниот пат преку кој жената може да се избори за својата рамноправност, тој е единствен кој гарантира успех.
Целиот разговор со Ведрана Рудан погледнете го на: