дома прашуваме други Наќе Чулев: МВР е политички заробена институција, нема професионализам

Наќе Чулев: МВР е политички заробена институција, нема професионализам

837
0

Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија, Наќе Чулев се огласи на својот фејсбук профил и обвини за политички притисоци во МВР во изминатиот период.

Во неговото обраќање на личниот фејсбук профил, посочено е дека наместо МВР да биде гарант за безбедноста и сигурноста што може да се постигне само со професионализам, МВР служи за партиски игри и препукувања.

Вработените според наводите на Чулев трпеле притисоци, закани и биде жртви на партиски реваншизам, од изборите па до сега.

Дел од обраќањето на Чулев во продолжение:

На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, а вработените во оваа институција се жртви на политичките пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните.

Фото извор: МИА