Сексот е чин во кој доаѓа до спојување на половите органи. Но во нашата држава има пермутирана верзија на секс. Се спојуваат органи, ама не полови. Најчесто се општи сексуално со тоа што еден од органите кои учествува во сексуалниот чин е мозокот. Во Македонија има колективно сексање на мозоци и веќе е тешко да се дознае кој со кого сексуално општи. Со однос на тоа дека сексот е во неправилен и неприроден поредок наместо задоволство кај актерите, тој предизвикува сексуална фрустрација.

Во изминатите денови сфативме дека целата заложба на власта и институциите да се стави епидемијата под контрола е чист сексуален акт во кој мала и неодговорна група на луѓе, според тврдењето на надлежните, ја секса целата управа и популација. Тоа, пак им се одразува како сексање на трудот на надлежните, а тие продолжуваат со умосексање пред граѓаните, на кои не гледаат само како кон здравствени субјекти, туку и како кон гласачи. Тешко е да е одреди кој е активниот принцип во ова колективна сексуално дефиле, а кој е пасивниот принцип кој ја собира целата штета од дефилето.

Караџовски тврди дека е ставен во кучешка поза а од задната страна новинари и неодговорен народ. Ама тој јасно посочи дека е искусен во таа поза, па уште едно вакво искуство воопшто нема да го допре емотивно, а можеби нема ниту механички.

Филипче се обидува да воспостави секс со перцепцијата на граѓаните и да ги убеди дека работите се под контрола и дека тие самите се виновни што се лошо сексани. Помеѓу двете закани од лош секс на Филипче и на корона вирусот тешко е да се определи кој секс е полош.

Сведоштвото на Нинџа откри дека предводниците на настаните од 27ми Април за своите „сексуални услуги“ делеле вртоглава сума на пари. Кој тука излегува посексан, не ме прашувајте мене. Дали тие кои сексуалните услуги ги наплатиле скапо и биле организатори, или тие што останале со празни џебови, па морале да им обезбедат престој во затворите. Најсексани секако и од таа ситуација ќе излезат тие што на изборите ќе ги дадат своите гласови (ќе ги навртат своите грбови) накај тие што земале пари и се кандидираат за пратенички места како би можеле да го продолжат своето умосексање. Добре де и ако се случи во анален отвор не е страшно, секако анусот за нив е најприродна средина за кохабитирање.

Катица го извлече најдебелиот крај. Кутрата од толку секс, почна доброволно да се соблекува и за силување. Неа ја секса и владата и обвинетите против кои има случај и нацијата, а најмногу и пречи сексот од Русковска. Можеби е тоа затоа што Русковска е лоша во сексот, па ниту може да дава, ниту може да прима, фригидноста на Заев очигледно е повирална и од КОВИД19.

Заев е виртуоз за секс, тој може секако, и како активен и како пасивен принцип, затоа гради патишта и автопатишта н секаде. Тој има благородна визија сексуалните актери да ги поврзе со една стабилна инфраструктура за да не им пати сексуалниот живот. Сепак Заев нема одговор на тоа кои се тие патишта и автопатишта бидејќи и покрај струмичкото потекло не може да биде јасновидец од рангот на Баба Ванѓа.  

Реален секс нема дури ни поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој би да биде единствен нормален во поглед на практикување на полов секс, ама страшното е што него не го издава мотивот, туку снагата и половоста. Невозможно е да се тврди дека 70 годишен човек може да има некаква половост, тој може повеќе да служи како проекција за восочна фигура или мумија.

Останатите за сексуално општење скоро и да немаат време, а како и да се има, кога побитно ми е да знам што се случува во спалната на комшијата. Да имаше во Македонија толку реален секс како што се претпоставува немаше да ги даваме другите органи да служат за тоа, особено не мозокот. Во Македонија сексот е срамна работа, па често луѓето да го избегнат тој голем срам го избираат помалиот, да гледаат секс на ултрапопуларните порнографски содржини.

Магдалена Стојмановиќ