дома прашуваме други Волонтер од тестирање на вакцина против КОВИД19 открива страшна вистина за вакцините:

Волонтер од тестирање на вакцина против КОВИД19 открива страшна вистина за вакцините:

787
0

Во мај, Томас Гоки стана волонтер и беше изложен на ковид-19 со надеж дека ќе помогне во патентирањето на потенцијална вакцина за вирусот.

Тој волонтирал заедно со над 37.000 луѓе од 162 земји преку непрофитна организација која ги застапувала волонтерите.

Ризикот од ваквите испитувања е сериозен, но тој се чувствувал етички поттикнат да го преземе, доколку тоа би помогнало на другите.

Но, сега Гоки вели се кае за таквата постапка, во неговата колумна за британски „Гардијан“.

– Се изложив на вирусот со надеж дека ќе им помогнам на ранливите луѓе ширум светот, a не да ги збогатам акционерите во фармацевтската индустрија и оние кои скржаво ќе ја произведат вакцината само за американскиот народ. Одлуката на САД да не се придружат на „Ковакс“ и мултилатералниот напор да се осигури вакцината за сите подеднакво, покажува алчност и го става национализмот над потребите на луѓето – тврди Гоки.