Неодамна ви ги пренесовме ставовите на неколку наши архитекти во врска со уривањето или реконструкцијата на Универзалната Сала во Скопје. Сега ви го пренесуваме и ставот на г-динот Миодраг Радоњиќ – Бато, кој на својот Facebook профил го изјави следново:

„Во врска на најавената дебата за Универзална Сала сакам да го кажам мојот став кој и јавно сум го искажал во дебатната емисија „ Само вистина“ на ТВ Канал 5 во директено соочување со Градоначалникот на Град Скопје г-дин Петре Шилегов. Имено, во дискусијата, Градоначалникот во целост се согласи со мислењето на ААМ и останатата стручна фела како и големото мнозинство на граѓаните на Скопје, дека Универзална Сала како култен објект и како споменик на Солидарност, треба да се задржи, да се реконструира и реновира во нејзиниот изворен облик и намена, при што и потенциташе дека е тоа и негов личен став како граѓанин на Скопје. ДА ГО ДРЖИМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА ЗБОР ! Емисијата заврши со заклучок дека нема потреба за било каков референдум и дебати со оглед на јасниот став на големото мнозинство. Оттука сметам дека темата е апсолвирана и дека било какви јавни дебати се непотребни и непродуктивни со бесцелно трошење на време и енергија. Апелирам нашата позитивна енергија да ја усмериме за реализација на заедничката цел со иницијатива и на стручната фела и на граганите. Да побараме и да инсистираме да се изврши проценка на постоечкиот објект( бидејки таква не постои) од сите аспекти ; функција, конструкција, вградени материјали, опрема и др., на основ на што ке се изготви проект за реконструкција и ревитализација од кој ќе произлезе и вредноста , временска рамка и динамика за реализацијата на истата, за што сите ние можеме заеднички да допринесеме.“

претходниот член,Понекогаш се што ви треба е малку инспирација да продолжите…
Следната статијаЗборувајте малку, но директно: Која е сестрата на Ким Јонг Ун, која би можела да го заземе местото на лидерот на Северна Кореја?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде