Во текот на изминатото деноноќие (31.07/ 01.08.2020) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистриран е 271 прекршок.

Ова бројка на санкционирани случаи укажува дека задолжението за носење на заштитна маска од трансмисија на КОВИД19 не се почитува од голем број на граѓани што го зголемува ризикот од ширење на епидемијата.

Првата дама на Македонија – Елизабета Пендаровска, сопругата на претседателот Пендаровски учествува во кампања за подигање на свест за носење на заштитни маски.

Таа советува да не се носат маски со отвори бидејќи отворите може да се простор од каде ќе излегуваат телесни капки во кои потенцијално е содржан вирусот при кашлање или кивање на заболениот.

Таа советува да се носат памучни маски кои често ќе се перат во машина за перење на најмалку 60 степени со детергент или трислојни платнени маски кои целосно ги апсорбираат капките и го спречуваат нивниот излез во далека надворешност со што целосно е спречен ризикот заболеното лице да го пренесе вирусот на друго, здраво лице.