Современиот начин на живот и бројните обврски не оставаат доволно време за секојдневно подготвување ручек, па затоа истото јадење често го оставаме за следниот ден. Сепак, не сите јадења се погодни за подгревање, бидејќи тие можат да станат токсични.

Треба да бидеме внимателни со следниве намирници:

Ориз
Загреаниот ориз, ако не се чува правилно, може да предизвика дијареја или повраќање. Ако се чуваат на собна температура, токсичните бактерии се развиваат многу брзо во него.
Затоа, варениот ориз треба да се чува во фрижидер во затворен сад. Безбеден е да се користи ако се загрее веднаш и се изеде.

Компир
Ако варениот компир се чува на собна температура, бактериите што предизвикуваат труење со храна може да се развијат многу брзо. Најдобро би било веќе подготвениот компир да се чува во фрижидер. Треба да се загрева во микробранова печка или на рингла.

Кромид, целер и цвекло
Овие намирници се честа состојка во супите и чорбите. Меѓутоа, ако се подгреат, тие можат да ослободат токсини. Причината за загриженост се нитратите кои се наоѓаат во оваа храна. Особено е опасно ако се подгреваат неколку пати, па затоа би било најдобро да се загрева само количината што сигурно ќе се изеде.

Јајца
Без разлика дали се варени, пржени или печени, јајцата никогаш не треба да се подгреваат. Бидејќи се богати со протеини, греењето може да ја смени нивната структура и да предизвика сериозни проблеми со дигестивниот тракт.

Пилешко
Исто како јајцата, пилешкото е многу богато со протеини. Ако се консумира подгреано, може да предизвика болка во стомакот, дијареја или повраќање.
Потребно е добро да се вари пилешкото, односно да се загрее доволно долго за да биде топло однатре. Најдоброто решение е да го јадете ладно во салата или сендвич.

Печурки
Протеините во печурките ја менуваат својата структура кога се загреваат и затоа можат да бидат многу опасни. Исто така, не се препорачува чување на печурки на собна температура, бидејќи тие можат да ослободат токсини доколку не се чуваат на суво и ладно место, како што се препорачува.

*Најдобро би било подготвената храна да се консумираа веднаш по подготовката и да не се чува во фрижидер повеќе од еден ден.

Извор: Novosti.rs