дома животен стил Не е само храната, еве што се има влијание врз вишок килограми

Не е само храната, еве што се има влијание врз вишок килограми

799
0

Често мислиме дека само она што го јадеме придонесува за таложење на масни наслаги и вишокот килограми.

Сепак покрај храната има уште низа други фактори кои влијаат врз вашата килажа, а на кои и воопшто не обрнуваме внимание.

Еве што се влијае врз вашата линија:

Сонот

Луѓето кои имаат квалитетен и долг сон се помалку подложни на дебелеење отколку луѓе со мирен, квалитетен и редовен сон.

Сонот помага вашиот метаболизам да е стабилен и нормален што е од исклучителна важност за процесирање на состојките што ги внесувате во организмот.

Алкохолни пијалоци

Пијалоците, особено алкохолните пијалоци имаат голем удел во вашето деблеење. Доколку конзумирате алкохол често во неконтролирани количини тогаш очекувајте дека резултатот ќе биде зголемување на килограмите.

Алкохолот влијае врз намалување на шеќер во крвта и брзо ве огладнува. Додека пиете алкохол, количината на оброкот се зголемува неколкукратко за разлика од количината на оброкот кога не пиете алкохол.

Организација на ден

Ако имате организиран работен ден, тогаш вашите шанси да се здебелите се помали отколку ако немате организација на дневни активности.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои во текот на денот имаат помалку активности повеќе јадат во споредба со луѓе кои имаат активности во текот на целиот ден.

Изложеност на сончеви зраци

Луѓето кои се помалку изложени на сонце, јадат повеќе. Веројатно сте забележале дека додека сте на сонце вашиот апетит е помал и не можете да внесувате многу калорична храна.

Тоа е затоа што сонцето не снабдува со потребна енергија и витамини кои доколку не ги земеме од сонцето ќе ги треба да ги внесеме преку храната.