Факте се сознанија кои се базираат на можност за евиденција и докажливост. Додека науката зборува за факти кои имаат примена во научните истражувања и кои се непознати за обичниот човек, секојдневно сме соочени со факти кои не ги знаеме, но имаат огромен удел во нашето функционирање.

Интересни се некои факти кои навидум изгледаат сосема нелогично и бескорисно, но нивното наведување упатува на подлабоки познавања на системот, потребата и потеклото.

Во продолжение ви издвојуваме неколку забавни факти:

  • Во Швајцарија е забрането да се чува само едно морско прасе

Истражувањата покажале дека морските прасиња се исклучително социјални суштества, кои во отсуство на заедница од морски прасиња најчесто се депримираат, со нарушено здравје, а некогаш и умираат од преголемата болка заради осаменоста.

  • Во Велика Британија на сиките им е дозволено да не носат кацига додека возат мотор

И покрај тоа што носењето на кацига доколку возите на мотор е основно сообраќајно и универзално правило, сепак во Велика Британија законот дозволува преседан кога се во прашање сиките.

Во традицијата на сиките е да носат долги плетенки од косите, што оневозможува ставање на кацига на главата. Поради тоа што толеранцијата и почитувањето на правото на верско изразување е повисока вредност од сообраќајните правила за безбедност и заштита, Велика Британија дозволува сиките да не носат кациги додека возат мотор.

  • Змиите може да помогнат во предвидување на земјотреси

Тие можат да почувствуваат земјотрес што доаѓа од 75 милји (121 км), до пет дена пред да се случи.

  • Најстарата пцовка за мајките е пронајдена на вавилонска плочка стара 3.500 години

Откриена е во Ирак во 1976 година, плочката е изгубена, но текстот останал зачуван.

  • Многу луѓе патат од черофобија или ирационален страв од забава и среќа

Верувале или не, голем е бројот на дијагностицирани случаи низ светот кои го имаат овој ирационален страв. Оние што страдаат од ова „пореметување“ се поврзуваат со верски фундаментализам, жртвување и страдалнички однос кон религијата.

  • 7% од Американците веруваат дека чоколадното млеко го произведува само кафеава крава

Иако 7% не делува како голема бројка, но претворено во број на поединци, изнесува 16,4 милиони Американци кои веруваат во тоа дека чоколадно млеко произведува само кафеава крава.

Извор: thefactsite.com