дома животен стил Мистика

Мистика

850
0

Интерпретацијата на мистиката по дубиоза и симбиоза со животот, налик човековото битие кое чекори по сопствените стапки, онаму, точно таму каде што ги прави првите стапки, онака детски, фокусирајќи се на испреплетени своевити ставови и сваќања гледано од аспект на алузијата во поодминатиот период, небаре временската рамка сведочи и е проткаена со свилени ноти кои ја галат развиорената парадигма на она што значи живот, говорат низ призмата на парадоксот и неетичноста на ”слоевите “ набрани низ целокупното своевидно и наметнато “патување”.


Чекорејќи, илузијата навидум прерасната и надвиорена, небаре сака да посегне по се она што се проткајува и го дефинира постоењето и себе потврдувањето онтолошки и надраснат во своевидноста, исцрпувајќи ја смислата на се она што значи живот, се судрува со манифестацијата олицетворена како своевидно видно поле со време на реакција, но не она кое во градски услови на сообраќај изнесува 0,8 секунди, водење по принципот на “секанта”.


Исчекорувањето само по себе не е вовед во самоволието, народски кажано “среќа”, ДА, спремен сум на исчекор- извик на бранување, “позиција на прво лице множина” .


Олицетворението и наликувањето на едни со други, еволуцијата на беззаконието вградено како темел по дифолт на сеопфатноста како мерка за плоштина, продира коњугирано до усвитување, моделирање кое треба да делува обратно пропорционално, во доменот на себе надраснување, каде односите помеѓу променливите се сведуваат во форма на ограничување.


Да, Мистика, “Cogito ergo sum”, во смисла Мислам, Постојам.

Ристо Пауновски