дома животен стил Кога се случува пад на имунитет?

Кога се случува пад на имунитет?

956
0

Пад на имунитетот не се случува само како резултат на соматските процеси, надворешните фактори или ризик фактори како што се паразитите.

Човекот е комплексно суштество и е составено од психичко, еднокрини и имунолошки процеси кои меѓусебно се тесно испреплетени.

Не е доволно да ја одржувате добрата состојба на вашиот имунитет само преку конзумирање на здрава храна, доволно количество на нутритивни вредности, витамини, минерали и физичка активност.

Од големо значење за добрата состојба на вашиот имунитет е зависна од вашата психичка состојба на која треба да се посветите доколку сакате да имате добра општа благосостојба.

Immunity and the Mind: 7 Steps | Psychology Today

Поставете си цели

Се додека имате цели имате и смисла на живеење. Целите кои ги поставуваат ве потикнуваат на активност и борбеност. Се додека се борите за нешто вашето тело ќе ги следи вашите мисли во патот кон успехот.

Редовно наградувајте се

Најмалиот успех обележете го со некоја награда. Наградата ќе ви даде нова димензија во разбирањето на успехот и ќе ви даде оддишка до следната цел од маратонот. На тој начин телото ќе го одржувате будно и витално, а вашиот имунолошки систем ќе биде на висина на задача во справување со сите потенцијални препреки поради енергијата која ја има од духот.

Одмарајте се

Не правете нагли и крупни промени во животот. Секоја мала промена одморете ја и давајте и време да стане ваше секојдневие. Наглите промени се наталожуваат, а таа динамика може природно да ве донесе до болест бидејќи ако не му го давате на телото и на психата потребниот одмор, тие сами ќе си го побараат со тоа што ќе ве разболат и ќе ве стават во кревет.

Светоглед

Многу е важно каков светоглед имате и во каков систем на вредности опстојувате и се развивате. Доколку сте борбени и оптимисти и го разбирате животот како патување на кое се среќавате со различни животни ситуации тогаш имате предизвик да се одржите психо-соматски на висока позиција.

Вашата среќа повеќе зависи од вас отколку од надворешни фактори и други луѓе

Ако вашата среќа повеќе зависи од вас отколку од надворшни фактори и други луѓе тогаш нема да имате стрес, непријатност, тегоби и депресии кои може да ви донесат други проблеми со умунитет или телесни болести. На пример ако денеска сте одлучиле да го направите омиленото јадење и да поминете време со семејството и тоа во овој момент ќе ве направи среќни, но печката баш денеска не ви работи, тогаш само од вашата поставка кон работите зависи дали ќе сте среќни или несреќни.

Ако останете да се жалите како печката не ви работи и не можете да ги остварите плановите и тоа за вас е крај на светот, најверојатно ќе сте многу поболежливи. Но доколку најдете алтернативно решение и успеете да го направите тоа што сте си го замислиле ќе имате повеќе активност, предизвик и будност во животните ситуации, среќа и удобство што ќе ве одржат здрави.