дома животен стил Кога е време да ставите точка на односот со некој?

Кога е време да ставите точка на односот со некој?

430
0

Живееме во флуидно општество во кое релациите со другите луѓе се бројни, менливи и минливи – е почетната теза на книгата „Флудино општество“ напишана од најпознатиот и најплоден социолог на 21 век – Зигмунд Бауман.

Според Бауман современиот човек во животот се среќава со голем број на луѓе и гради односи кои не се целосно дефинирани, конечни и статични.

Напротив луѓето ги менуваат своите средини, запознаваат нови луѓе, се менуваат самите себе и како што влегуваат нови луѓе во животот, некои остануваат дел од нашето минато и со нив не продолжуваме да градиме релации.

Иако понекогаш разделбите може да се доживуваат трауматично, сепак тие се нормален и составен дел од животот со кој поединецот се учи или навикнува да живее.

Во продолжение неколку точки според кои ќе препознаете дека е време да ставите точка во односот со некој човек:

What to do when it's time to break up with a family member - Chicago Tribune

Различни интереси

Повеќе не ве врзуваат исти интереси како некогаш или не сте создале нови заеднички интереси, без разлика на тоа дали е одење во кино, заедничка работа, одење на прошетки, или доколку е љубовен однос – време поминато заедно.

За каков и тип на однос да станува збор, разидувањето на интересите е сигурен знак дека врската со другиот треба да ја прекинете бидејќи исчезнала нишката која досега ве поврзувала.

Недоверба

Ако немате доверба во некој или се чувствувате дека некој нема доверба во вас, тогаш е дефинитивно време да ставите крај на тој однос.

Довербата создава несигурност и непријатност и повеќе никогаш нема да се чувствувате убаво во нечие друштво во моментот кога „недовербата ќе чукне на вашата врата“.

Не ви недостасува ако го/ја нема

Можете да не се слушнете или видите со денови – ако тоа не ви создава чувство дека некој е отсутен и има празнина во вашиот живот која не можете да ја пополните, тогаш не губете си го своето време.

Времето е единственото нешто што не се враќа и кога ќе ја научите неговата бесценетост ќе сфатите и кому треба да му го подарувате.

Ве разочарал/а

Ако се сетите на постапки со кои ве разочарал/а и ве налутил/а тогаш тие негови/нејзини постапки не биле занемарувачки штом се уште се сеќавате на нив.

Секое следно разочарување само ќе ви ја продлабочи кризата во односот. Не го дозволувајте никому тој луксуз да ве разочара ДВА пати.

Безусловност

Искрените односи се засноваат на безусловност. Луѓето кои создаваат силна врска помеѓу себе никогаш не прават математички пресметки за туѓиот и сопствениот влог.

Ако почнете да правите пресметки за тоа на кого што му одговара / кој што сака / кој што вложува (енергија, време, ум, емоција) во односот тогаш е време засекогаш да си ги разделите патиштата со таа личност.

*Преиспитајте ги своите односи со други луѓе, ако само две од пет карактеристики ги има вашиот однос со конкретен поединец не двоумете се да ги прекинете сите релации. Можеби ќе мора да отстраните долг список на луѓе од вашиот живот што ќе ви го разбуди стравот од осаменост, но секогаш треба да знаете на што се темели реален и вистински однос а на што однос со лажен сјај кој секако со тек на време сам од себе ќе се распадне.

Никој не треба да прифати помалку од тоа што го заслужува!

Магдалена Стојмановиќ

претходниот член,Бремена жена го спаси сопругот од напад на ајкула
Следната статијаПо 114 години долга традиција, новогодишната ноќ во Тајмс Сквер е виртуелна; Карневалот исто така беше откажан

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде