дома животен стил Како да ја надокнадите истрошената енергија после напорен тренинг

Како да ја надокнадите истрошената енергија после напорен тренинг

58
0

Тренингот може да ви одземе многу енергија, која најлесно можете да ја надокнадите преку храна.

Ако сакате да водите здрав живот, не е доволна само физичката активност, треба да внимавате и на вашата исхрана и што јадете пред, а особено после тренингот.

Обично се препорачува неколку часа пред тренингот да не се внесува ништо освен вода, за преку тренингот да се потрошат наталожените ресурси во организмот.

Но по храната по тренингот е исклучително важна, бидејќи тренингот целосно исцрпува и ви ја троши енергијата.

Еве што предлагаме да конзумирате по тренинг:

Храна богата со протеини

Месо, млеко, јајца, печурки, јаткасти плодови, или мешункасти плодови се задолжителен дел од вашата порција од оброкот.

Фруктоза

Шеќерот дава инстант енергија, но најдобро е да се конзумира шеќер од овошки кои воедно и се богати со други витамини. Најмалку половина час по регуларниот оброк направете си овошна салата или смути со вашите омилени овошки.

Вода

Вода се пие и пред, но и после напорен тренинг. Крвотокот низ телото е подинамичен после тренингот, а процесите се забрзани. За секој процес да има ефикасност потребно е да внесувате повеќе вода во организмот.

Одмор

По тренинг идеално е да си дадете најмалку 15 минути одмор и тоа со поставеност на телото во хоризонтална положба. Затоа е добро 15 минути по тренингот да лежите како би го вратиле пулсот во нормала.

Масажа или спа

Топла бања помага во опуштање на мускулите кои биле изложени на напор. Исто така медицинската и ралакс масажа може да ви помогнат во рехабилитирање на оштетени мускулни влакна кои биле под голем напор при тренинг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде