дома животен стил Како висок крвен притисок и дијабетис влијаат врз менталните состојби кај луѓето?!

Како висок крвен притисок и дијабетис влијаат врз менталните состојби кај луѓето?!

726
0

Високиот крвен притисок и дијабетесот доведуваат до промени во мозокот што го нарушуваат размислувањето и помнењето, сугерираат истражувањата.

Лекарите испитувале скенирање на мозокот и медицински податоци од 22.000 доброволци запишани во проектот „Велика Британија Биобанк“ и откриле значителни структурни промени во сивата и белата маса кај оние со дијабетес и висок крвен притисок.

Истите лица имаат тенденција да поминуваат полошо на когнитивните тестови кои ја мерат нивната брзина на размислување и краткорочната меморија, зголемувајќи ја можноста медицинските состојби да доведуваат до сериозен ментален пад.

„Неверојатно, наодите покажуваат дека е можно да се открие негативниот ефект на кардиоваскуларните фактори на ризик, како што се покачен крвен притисок и дијабетес, врз когнитивната функција и структурата на мозокот кај инаку здрави луѓе“, рече Масуд Хусеин, професор по неврологија и когнитивност невронаука на Одделот за клинички невронауки во Нафилд на Универзитетот во Оксфорд.

Лекарите препорачуваат да се води евиденција за начинот на живот и исхрана и дека превенцијата е многу важна врз целокупното здравје.

Но доколку дојде до хронична хипертензија и дијабетис тогаш е од исклучително значење тие да се откријат навремено и да се третираа соодветно до медикаменти и правилна исхрана.

Извор: Theguardian.com

претходниот член,Се предвидува дека Северна Ирска ќе биде следната држава која ќе бара осамостојување од Велика Британија поради неуспех во преговорите „Брегзит“
Следната статијаДенеска не можеме да го замилиме животот без неа, а еве кога се појавил првиот патент

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде