дома животен стил Дефиниција за среќен човек

Дефиниција за среќен човек

1127
0

Сите тежнееме кон среќа. Ова реченица е прва воведна реченица во многу меѓународни декларации за заштита на човекови права, но и Декларацијата за независност на Америка.

Зборот „среќа“ е често користен, а се чини дека неговото значење е матно бидејќи кога ќе прашате што е среќа секој човек ќе ви наброи различни работи и ќе ви каже различна определба за тоа што е среќа.

Унифицирана дефиниција за среќа не постои, но сепак постои комбинација од неколку фактори кои учествуваат во определување на некој како „среќен човек“.

Фактори на среќа:

Фактори на среќа се делат на субјективни и обејективни фактори.

Субјективни фактори на среќа:

Субјективните фактори на среќа се сите работи кои некој може да ви ги наброи како причина за среќа од прво лице еднина. Субјективните фактори секогаш се индивидуални и поради тоa секој жив човоек има различна перцепција за тоа што е среќа.

Објективни фактори на среќа:

Под објективни фактори на среќа ги подразбираме демографските фактори (пол,возраст), општествените (образование, средина, социјален статус и други), политичките фактори (општественото уредување, закони), биолошки (потреби, здравје, генетика). Објективните фактори имаат менлива природа, за разлика од субјективните кои се трајни и тие се врзуваат за една личност понепосредно.

Пример за објективен фактор е – Среќа да се живее во општество кое ја стимулира слободната мисла и го негува високиот квалитет на живот на поединците.

Пример за субјективен фактор – Среќа да се работи одредена работа или да се ужива во некоја храна, или да се сака некој човоек и да се ужива во негово друштво.

Заклучок:

Ако сакате да бидете среќен човек – Доволно е да се преиспитете себе дали сте среќен. Ако одговорот е потврден тогаш средината не може да допре до вашата перцепција за среќа.

Сепак според одредени стандарди (објективни) и покрај тоа што некој поединец може да се декларира како среќен тој од средината се перципира како несреќен.

На пример ропство за многу луѓе е состојба во која според дадените околности луѓето успеале да постигнат среќа и задоволство во мали работи, да се среќни што токму тој им е господар или бидејќи имаат гол живот. Но слободен човек ропството го пеципира како несреќна состојба бидејќи неговите околности биле поинакви.

Ретко кој со логичка прецизност може да определи дефиниција за среќа, дури и да ја определи таа не би била комплетна поради комплексноста на поимот.

Сепак да се биде среќен изгледа зависи од тоа колку се трудиме да бидеме среќни и колку се вложуваме во потрагата на сопствената среќа, бидејќи среќата не е еднаш постигната и трајна состојба во кој ќе бидеме.