дома животен стил Во Македонија иселеници повеќе се грижат за разубавување на просторот отколку граѓаните...

Во Македонија иселеници повеќе се грижат за разубавување на просторот отколку граѓаните кои живееат тука

776
0

Во Дебар иселеник донирал сума на пари во дебарската општина за разубавување на просторот бидејќи општната немала доволно средства за покривање на сите трошоци.

Често се случува иселеници да донираат средства за помош и подршка на локалната власт во Македонија, но и хуманитарни донации како донациите за зајакнување на здравствениот систем во време на епидемијата предизвикана од КОВИД19.

Грижата на иселениците за местото каде што не живеат е многу почесто покажувана на дело отколку граѓаните кои живеат во Македонија.

Сепак, тоа што секојдневно граѓаните на Македонија се среќаваат со хаосот во сообраќај, несредени урбани простори, отсуство на хортикултура и други начини на разубавување на организацијата на урбаното живеење не им пречи колку на иселениците кои тоа го гледаат значително помалку од луѓето кои живеат тука.