дома прашуваме други Брзина на напредокот на вакцината е запрепастувачка

Брзина на напредокот на вакцината е запрепастувачка

758
0

Уредничката на рубриката здравство во британски „Гардијан“, Сара Босили, ги следи неверојатните глобални напори за создавање на ефективна заштита од корона вирусот, при што се обиде да одговори на дел од прашањата што ја преокупираат светската јавност додека се очекуваат резултатите од светската трка за развој на вакцина против ковид-19.

– Напредокот во развојот на вакцина против ковид-19 е исклучително брз. Побрз отколку при развојот на која било претходна вакцина, но светот ќе треба уште да чека на воведување на лекот. Одговорот е дека тој веројатно нема да биде претставен годинава. Следната пролет е поверојатен термин. Нужно е вакцината да биде исклучително безбедна и барем умерено ефективна. За да се осигурат двете цели потребно е големо количество на податоци од клиничките испитувања кои вклучуваат десетици илјади волонтери. Податоците треба да бидат собрани испитани и верификувани од регулатори. А волонтерите треба да бидат во средиштето на заразата, каде постои ризик од инфекција. За жал, станува јасно дека вакцината делува само кога невакцинираните заболуваат, а вакцинираните не заболувааат од вирусот – пишува Босили.

-Преземено дел од содржина од Нова Македонија