дома животен стил Борба за живот до последен здив: Затвореник осуден на смрт ископал тунел...

Борба за живот до последен здив: Затвореник осуден на смрт ископал тунел од 30 метри и побегнал од затвроска ќелија (ВИДЕО)

115
0

Затвореник осуден на смрт – Кинезот Чаи Чангпанг (53) избега на спектакуларен начин од затворот во Тангреанг недалеку од Џакарта во Индонезија.

Како во филмот „Бегство од Шошенко“, тој дојде до слобода преку канализациски тунел долг 30 метри, до кој стигна со копање дупка во ќелијата со шрафцигер, длето и клешти.


Чангпанг детално изработи план за бегство. Тој украл алат од работилницата во затворската кујна и ископал мал премин широк само 50 сантиметри, преку кој се лизнал до затворската канализација, која се влева во реката, пишува „Сан“.

Дека планот е детално разработен, покажува и фактот дека тој го сторил тоа во време кога затворските чувари ги менувале смените. Камерите за видео надзор го забележаа моментот кога бегалецот излезе од цевката, ноншалантно го напушти затворот и исчезна во темна улица.

Според портпаролот на полицијата во Џакарта, Јузри Јунис, се претпоставува дека Чангпанг го планирал своето неверојатно бегство „од пет до шест месеци“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде