Некои не заслужуваат ни прва шанса, некои не заслужуваат втора шанса, но постои и такви кои заслужуваат да им се даде втора шанса.

Етиката која е широко прифатена во нашето општество се базира на простување и давање на втора шанса секому.

Голем број од луѓето ќе ви докажат дека давањето втора шанса е залудно губење на време со некој што не е подговтвен да се менува, туку ја коирсти вашата наивност повторно да стане дел од вашиот живот.

Другите пак, ги ревидираат своите постапки и скоро од темели го коригираат своето однесување, просто како да се работи за друга личност која допрва сега станува свесна за своите потенцијали.

Во принцип луѓето секогаш заслужуваат да им дадете втора шанса, барем ќе бидете на чисто со вашите емоции. Вие сте направиле се од себе и не сте ускратиле никој да се покаже во своето вистинско светлно.

Но постои горка вистина за која сите мора да бидеме свесни пред да дадеме втора шанса, а таа е дека многу ретко луѓето може суштински да се сменат.

Дури и да се сменат, тоа никогаш нема да им даде еднаков статус со луѓе на кои не сте морале ништо да им простувате.

На пример – убиец по излегување од затвор, успешно се ресоцијализира, станува вреден работник, придонесува за општеството, им помага на старите луѓе, е добар сопруг и татко, но дали тој негов нов живот може да го избрише суровото дел во кое некој изгубил живот?

Дали е фер, на крајот од краевите општеството да има еднаков третман кон човек кој не стоил убиство и човек кој сторил убиство?

Дали давањето втора шанса понекогаш значи дека испраќаме порака дека секој може се да направи и да се обиде, а сепак, тоа да му се прости и на крајот да ги има истите услови како и оној што не направил зло дело?