Балканецот заборава дека треба да ја однесете жената на ручек или на вечера и да и купи подарок. Подароците и излекувањата завршуваат оној ден кога ќе го потпишете документот за стапување во брак.

Балканецот смета дека кога веќе ја освоил жената (со брак) таа треба да добие нови улоги. Должностите ви се зголемуваат, правата ви се намалуваат.

Тој ќе очекува да ја исчистите куќата, иако тоа нема да ви го каже, прекорувачки ќе ве погледне доколку не сте му ги средиле неговите алишта и не сте ги собрале чиниите после вечера.

Ќе сака да има ред во домот, но да не го направи тој, туку вие.

Ако некогаш и нешто направи за домот, ќе се убие од фалење дека има толку добра волја што бидејќи ви помогнал вам да го завршите исклучиво својот дел од работата.

Грешките на децата се, лоши гени на мајката или нејзини пропусти во воспитание. А успесите на децата се „на мајсторот“ што ги направил.

Неговата фамилија никогаш нема да прифати дека размислувате, имате работа или кариера. За нив е најважно да им го чувате синчето и да раѓате внуци што се најмалку ваши, тоа се нивно наследство!

Ако не дај боже неговата мајка прокоментира нешто лошо за вас, најверојатно наредната недела ќе ви помине во караница и конфликт.

Ќе имате се помалку секс, ќе се гушкате само кога се поздравувате на свадби, а ќе заборавите и да се бакнувате. Помеѓу вас веќе нема хемија, туку поделба на одговорност и борба за живот.

Бракот со Балканец е вистинско измачување, затоа никогаш нема да се омажам за таков!