Од Центарот за јавно здравје на земјава се децидни дека според новите протоколи, вакцинираните лица со две дози, не добиваат решенија за самоизолација.

Истото важи и за граѓаните кои веќе ја прележале болеста.

Доколку лице кое има примено две дози на вакцина, или прележано ковид, стапи во контакт со позитивно лице, тоа не добива решение за самоизолација.

Потребно е да се поминати најмалку 2 недели од последната доза на вакцина, за лицето да се класифицира во безбедни лица.