Тешко нам што во денешно време, главно случување во општеството и државата се протестите на кој грчевито се бориме да ја одржиме државноста и националниот идентитет на мнозинството граѓани во Македонија. Навистина е поразително чувството да мораш да излегуваш секоја вечер на протест од кој не знаеш дали ќе завршиш дома, на улица или во полициски станица за да покажеш дека твојата вертикала на самоопределување не се совпаѓа со перцепцијата не некој си надворешен фактор за тебе.

Сето ова се случува во 21 век, кога сите зборуваме за човекови права и слободи и во време во кое прашањето за слободата на самоопределување не смее ни да се доведе под прашање и во дебата. Секако тоа за цивилизирани луѓе, не за џукели кои меѓуредови ти викаат – размисли дали ќе прифатиш да бидеш дел од ЕУ или ќе биде што ќе биде.

Класична закана од типот – ќе видиш ти, влевање на страв од непознато и страв од фаталистички исход дека ако речеш „не“ и се спротивставиш на волјата на агресорот ќе те снајде нешто што е пострашно од страшно.

Можеби се очекува од нас да развиеме стокхолмски синдром, па да го сакаме својот насилник, да ја лижеме чизмата што ни ја притиска фацата и да викаме дека има вкус на чоколадо.
Ама она што ние не сме го знаеле, а они мора да ни го кажат е дека СЕГА и само СЕГА, батали го она СЕГА кога мењавме знаме, па име, па Устав, па све живо да бидеме она што не сме, е тоа СЕГА е историска шанса прво да станем Бугари за да потем можеби такви станеме Европјани.

Еволуција на родот, еволуција на народот. Ама онаа со интервенција, оти они подобро од нас знаат што е за нас добро и еве ни кажуваат. Добро размислете си, оти ако не се предомислите нема да ви е добро.

Утешителна и многу убава работа што ни се случува е тоа што на протестите граѓаат во суштина, не се веќе демонстрација на капитал на партиите, иако политичарите сакаат да си даваат на значење дека те ќе им направеле атентат на протестите, те ќе им се повторувал 27ми Април. Ништо од тоа, народот е повеќе од свесен дека нема да ја урива владата за да на нејзино чело дојде Мицковски или Апасиев. Народот не го интересира владата, го интересира голиот опстанок со она малку достоинство што му остана.

И уште еден апел до колегите новинари кои информираат од терен да го избегнуваат употребувањето на зборот „топла“ кое во литературата има исклучително пежоративно значење. Луѓето кои протестираат не се топлпа, не се само колективна занес обединета со некој идеал кој е мртво слово на папиру. Напротив секој поединец е самосвесен и свесен и подготвен на поединечна одговорност. Затоа не протестираме со маски, затоа и оние со маски кои протестираат не се од нашите иако сакате да ни ги наметнете да ги усвоиме. Ништо веќе не ви усвојуваме, затоа и мора да користите монопол на сила. Тоа е крајниот крик на власта која се труди да се задржи паѓајќи кон амбисот. А ние сме таму да падне, засекогаш!

Автор: Магдалена Стојмановиќ