Во 1981 година Грција се приклучи на ЕУ, по само 7 години откако државата беше предводена од ВОЕНА ХУНТА. ЕУ тогаш оцени дека, Грција по само 7 години демократско владеење е зрела за членство. Истата таа демократска држава, со години ставаше вето на секој помен за заедничка иднина на Македонија и ЕУ.

Во 2007 година, членка на ЕУ стана и Бугарија, не поранешниот туку сегашниот и актуелниот фашистички окупатор на Македонија. Ставот на ВНАТРЕШНИТЕ ревизори на ЕУ во тоа време беше дека ниту Бугарија, ниту Романија не се подготвени за членство во унијата и дека им требаат подготовки да управуваат правилно со европските пари. Што во превод значи, корумирани се до шупак.

Денеска Бугарија го користи своето право на вето, не затоа што е загрозена од Македонија во територијалните претензии, туку затоа што треба да ги искористи сите бенефити што им ја пружа продажбата на државните и националните интереси кои од самото осамостојување ја правиме СИТЕ од глава до опашка! Да не се лажеме нив не ги повредува тоа што не ги сакаме, ги нарекуваме окупатори, или ставаме споменици во кои тие се споменуваат на грд начин. Во нивниот пристап кон нас, нема ни малку емоција, а има многу интерес.

Сега е повеќе од јасно дека идеализацијата на ЕУ и наметнување на некоја еуфорија дека со приклучувањето во ЕУ нашите проблеми магично ќе исчезнат, а ЕУ е златна рипка која исполнува бесконечно многу желби, е мит кој ни се наметнува со години. Ниту европски вредности, ниту европски идеали немаат врска со проширувачката политика, а за тоа еклатантен пример се токму Грција и Бугарија што ни ставаа вето. Едната со минато на хунта, другата со минато на корупција.

Не дека ние нешто сме помалку корумпирани од Бугарија, или повеќе демократични од Грција, ама двојни аршини се двојни аршини.

Реално е дека оние што си гласаа „За Европска Македонија“ сега се во глувчка дупка во истите свои рурални средини, во канцеларии во кои на мал простор се напикани по 10 вработени, со мувла, влага и реа од распаѓање на старите згради, ама со плата од 15.000 денари кои немаат идеја како на друг начин да ја заработат. За нив дечки дошол животот, они се веќе у ЕУ.

Патриотите пак ни, си извадија бугарски пасоши и си избегаа вво Европа, за да од таму пишуваат како на Македонија под овие услови ЕУ не и е потребна.

Се што имаме од ЕУ се интересите на политичката елита. Точно е дека во Македонија се слеваат многу европски пари и фондови, ама од нив не сме виделе денар, ние обичните граѓани. Нив ги прераспределуваат директори на агенции, министри, премиери, градоначалници и друга политичка елита, по принципот – парите ќе ги добие мој човек, а од добивката ќе си делиме процент.

Поради парите, ЕУ им е многу драга на нашите политичари, бидејќи единствено тие гледаат некој бенефит од нив. За обичните граѓани ЕУ е мртво слово на папиру. Нам таа ЕУ ништо не ни значи. Нема да ни значи и кога ќе има европски знамиња насекаде, оти со ваква свест, ние ќе продолжиме да бидеме лешинари, ситни продадени душички, корумпирани до коска, поробени а слободни само на витруелните мрежи и во продавници за набавка на алкохол и канабис.

Магдалена Стојмановиќ