Имам 34 години и сум во долга љубовна врска со мојот 40 годишен партнер. Досега сум била во неколку долги врски, кои требало да завршат со брак, но поради недостаток на љубов кон моите поранешни партнери никогаш не сум се осудила со нив да градам семејство. Според мене услов со некој да се гради семејство, е прво да имаш партнерска љубов.
Но со текот на годините животот ме демантираше. Отткако не изградив семејство на мои 20тина години, се запознав со мојот сегашен партнер кој зад себе има брак и две дечиња.
Од самиот почеток неговите деца ме прифатија и со нив имам добар однос, но секако тоа не се мои деца и јас сум свесна дека ниту тие ќе чувствуваат љубов кон мене како кон родител, ниту јас ќе можам да ги сакам безусловно како да се мои деца колку и мене да ми се драги.
Додека мојот сегашен партнер е остварен како родител и има љубовна врска во која навистина уживаме, се сакаме, почитуваме и помагаме, јас ја немам почувствувано љубовта од семејството. Кога него му се крши срцето тој секогаш има утеха во своите деца и има за што да продолжи да живее. За разлика од него, секогаш кога чувствувам празнина јас, со ништо таа празнина не можам да ја заменам, а веќе и сме и двајцата во години кога тешко дека можеме да оствариме потомство.
Згора на тоа, јас постојано размислувам дека станот ни е мал, нема да има простор доволно за моето дете, дека моето дете ќе биде отфрлено од неговите постари браќа и од таткото бидејќи тие едноставно функционираат како семејство и мислам дека секое ново дете ќе е вишок и нему, а и на мене ќе ни се создаваат многу фрустрации во односот.
Со тек на време, љубовта помеѓу нас згаснува, зошто јас се чувствувам дека имам љубов со партнерот, но не припаѓам таму заедно со неговото семејство. А најмногу од се би сакала да имам семејство. Затоа почнав да размислувам на разделба и доколку не е доцна да го почнам да го планирам животот со партнер кој не мора да го сакам претерано многу, но со кој ќе можеме да делиме заеднички вредности и планови за иднината.