Во текот на вчерашниот ден имав онлајн состанок со претставници на Комисијата за еднакви можности и жените членови на Собранието, Центарот за истражување и креирање политики и Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.
Целосно ги вградуваме стандардите содржани во Истанбулската конвенција за насилството врз жените.
Насилството спрема жената не смее да претставува култура на живеење или пак некаква „традиција“, тоа претставува директна груба повреда на човековите права и дискриминација која несразмерно ги погодува жените.
Автор: Бојан Маричиќ, министер за правда